Делегација на МПЦ на интронизацијата на новоизбраниот Српски поглавар (23.01.2010)
На 23.01.2010 г. Делегација на Македонската Православна Црква која ја сочинуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Г. Стефан и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, присуствуваше на инторнизацијата (востоличувањето) на новоизбраниот Поглавар на СПЦ Неговата Светост Г. Иринеј, Патријарх Српски, во Соборниот храм на Св. Архангел Михаил во Белград.
Делагацијата на МПЦ на новиот Поглавар на СПЦ му го честита изборот и востоличувањето и му посака долго години да ја води СПЦ, како и да се потруди за надминување на спорот меѓу МПЦ и СПЦ.
Известува: Весна Апостоловска