Чествување на празникот Св. Атанасиј во Седларце (31.01.2010)
Денес, (недела)31.01.2010 година празникот Св.Атанасиј Велики се прослави и во Тетовското Архиерејско Намесништво во повеќе цркви посветени во чест на Патријархот Александриски и столбот на Светото православие Светиот Атанасиј Велики.
Празнувањето започна со Свети Литургии во сите Цркви.
Во долно-полошкото населено место Седларце беше приреден срдечен дочек на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Господин Кирил кој го освети новоизградениот Крст во дворот на црквата Св.Атанасиј, а веднаш потоа ги пререже кумските колачи принесени од кумовите, со благослов за мир здравје и благосостојба во нивните домови, во нивното родно место и пошироко во репубика Македонија.
Од страна на кумовите беше приредена братска и сестринска трпеза на љубовта за сите присутни верници.
Подготвил: Диме Змејкоски