Чествување на празникот Св. Атанасиј во Брвеница (31.01.2010)
Чествувањата по повод големиот Христијански празник Св. Атанасиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Полошко-Кумановски Господин Кирил го продолжи во соседното населено место Брвеница каде беше дочекан од зачудувачки голем број на кумови како и верници од Брвеница и пошироко.
Митрополитот Господин кирил го изврши чинот мал водосвет а потоа ги пререже кумските колачи приложени од овогодинешните кумови посакувајќи им добро здравје и благосостојба во нивните домови и пошироко.
Со Благословувањето на братската и сестринска трпеза на љубовта Митрополитот Господин Кирил ги удостои присутните верни чеда и го увеличи чествувањето на Св. Атанасиј Велики во ова населено место.
Подготвил: Диме Змејкоски