Чествување на празникот Св. Атанасиј на Тетовското Кале (31.01.2010)
Крунисувањето на овој празнечен, неделен Светоден беше на Тетовското Балтепе - Кале во Црквата Св. Атанасиј, каде Митрополитот Господин Кирил својата Беседа ја посвети на Светиот Атанасиј и неговите животни дела, од кои со право е наречен Столб на Црквата и Татко на православието-додаде во своето обраќање.
Потоа Митрополитот Господин Кирил ги пререже кумските колачи приложени од кумовите со благослов за мир, здравје и бериќет на нив, нивните семејства, и на целиот Православен Христијански народ на земјата.
На овој ден традиционално секоја година Тетовското Кале е посетено од голем број верници кои го прославуваат овој празник, во убавиот амбиент во кругот на Црквата Св, Атанасиј.
Подготвил: Диме Змејкоски