Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велики Четврток (01.04.2010)

Христос, вистинскиот Бог наш, Кој од преголема добрина ни го покажа најдобриот пат на смирението, кога ги изми нозете на учениците, и за нас, дури до Крстот и погребението се понижи...

 

На 01 април 2010 година, Велики Четврток кога Светата Црква си споменува за востанувувањето на Евхаристијата од страна на Нашиот Спасител Господ Исус Христос на Тајната Вечера, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со архимандритот Арсениј и протоереј Михајло Матевски отслужи Света Василиева Литургија со Вечерна во храмот Св. Архангел Михаил – Ниве, Италија, на која присутниот народ се причести со Светите Христови Тајни.