Дванаесетте Евангелија за светите страданија Христови во црквите: Св. Петка во Бедиње, Св. Троица и Св. Никола во Куманово (01.04.2010)
На 01.04.2010 год. Велики Четврток, Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил благоволи и зеде учество во читањето на Дванаесетте Евангелија за Св. Страданија Христови во црквите: Св. Петка во Бедиње, Св. Троица и Св. Никола во Куманово. Оваа традиција Митрополит Кирил ја востановил уште кога бил на Американско-канадска-австралиска епархија, да учествува во читањето и изнесувањето на Светиот Крст (Распетие). Митрополит Кирил посебно нагласи дека сите оние кои не можеле да се причестат да се потрудат да се припремат и да го примат Светото Тело и Крв Христова за да се соединиме со Бога.