Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велигден во Соборниот Храм Св Кирил и Методиј во Тетово (04.04.2010)

Централната прослава по повод најголемиот Христијански празник Воскресение Христово - Велигден, традиционално како и секоја година се одржа во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово.

Точно на полноќ Митрополитот Полошко Кумановски Господин Кирил ја објави радосната вест на Христовото Воскресение и го прочита Велигденското послание  испратено од Светиот  Синод на Македонската Православна Црква до Православните Христијански верници.

По одслужувањето на Светата Божествена Архиерејска Литургија, Митрополитот Господин Кирил ги освети  црвените Велигденски јајца со благослов за мир, здравје  и бериќетно да ни биде и ова лето Господово, по што верниците пристапија кон Светата Причест.

 

             

 

            

 

             

 

 

 

Подготвил: Диме Змејкоски