Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Воскресение Христово – втор ден (06.04.2010)

Воскресението Христово – Велигден во сите храмови во Куманово се дочека свечено и торжествено. На 05.04.2010 год., на Воскресение Христово – втор ден, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во присуство на повеќе свештеници и ѓакони ослужи Света Архиерејска Воскресенска Литургија во соборниот храм на свети Никола во Куманово. Митрополитот на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин ипоѓаконот Саше Петровски. Инаку на Светата Литургија присуствуваше и градоначалникот на Општина Куманово г. Зоран Дамјановски, кој организираше велигденски огномет и доби пофални зборови од Митрополитот за соработката со Црквата и нејзиниот напредок. Митрополитот на сите верници им подели црвени јајца и им го честита празникот поздравувајки ги со ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

 

      

 

      

 


Известува: о. Жико Тодоровски