Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот Духовден во Гостивар (23.05.2010)

Денес, по повод празникот Духовден, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил во соборната црква на Пресвета Богородица во Гостивар  отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на повеќе свештенослужители од Гостиварското и Тетовското Архиерејско намесништво.

Во празничната беседа, Митрополитот г. Кирил на присутните верници им се обрати:

„Драги браќа и сестри,

Му се израдувавме на празникот над празниците – Светото Христово Воскресение, кога ја славевме победата на животот над смртта, четириесет дена после тоа го одбележавме и празникот Спасовден – Вознесението на нашиот Спасител Господ Исус Христос, и еве денес, сите ние, целата небесна и овоземна Црква Христова и нејзините верни чеда му се радуваме на празникот Педесетница, кој претставува и роденден на нашата Света и Православна Црква, на празникот кога по Божјо вдахновение, светите Апостоли и ученици го проповедаа спасоносното Свето Евангелие. Браќа и сестри во Господа, да ги сослушаме пораките содржани во трите духовденски молитви, кои што се вградени во Вечерните богослужби, за вистински да ја разбереме суштината и големината на овој празничен ден, и заедно од овој катедрален храм да испросиме мир  и здравје од Бога, да нѐ следи Божјиот благослов, вечно да нѐ закрилува и да ни ја зголемува милоста, вербата и довербата, рече меѓу другото Митрополитот г. Кирил.

 

         

 

         

 

         

 

Известува: Аце Змејкоски