Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот Духовден - втор ден и на денот на светите Кирил и Методиј во Куманово (24.05.2010)

На 24.05.2010 година на празникот Духовден - втор ден и светите Кирил и Методиј, во црквата на Света Троица во Куманово Митрополит Кирил пред повеќе кумановски верници, а во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони отслужи Света Архиерејска Божествена Литургија. На Светата Литургија присуствувашсе и градоначалникот на Куманово господинот Зоран Дамјановски со неговите најблиски соработници, а како гостин присуствуваше и градоначалникот на Марибор од Република Словенија. При тоа Митрополитот произнесе беседа за празникот како и за големите словенски просветители светите Кирил и Методиј. Потоа Митрополитот изврши Вводосвет и ги пресече славските колачи. Празникот Духовден е патрон на црквата Света Троица.

 

        

 

        

 


Известува: о.Жико Тодоровски