Во посета на Осоговскиот манастир (29.05.2010)
На 29.05.2010 година, резиденцијалниот манастир на Полошко-кумановската епархија, манастирот на св. Јоаким Осоговски Чудотворец во Крива Паланка, го посети Неговото високопреосвештенство митрополитот господин Кирил, на кого гости му беа Драган Тумановски, судија на Врховниот суд на РМ и претседател на Здружението на судии на РМ, адвокат Сашо Василевски и правник Иван Спасовски, заедно со нивните благочестиви семејства.
Со историјата на манастирот гостите се запозна од излагањето на архиерејскиот намесник на Крива Паланка, протоереј ставрофор Добрислав Бошковски. Истиот ден во манастирот на поклонение на моштите на Чудотворецот Јоаким дојдоа и околу 110 верници од Виница, професори од Природно математичкиот факултет во Скопје, отсек Информатика, гости од Италија, како и многу други верници, кои овој саботен ден решиле да го поминат во манастирот.
Известува: о. Александар