Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир (02-09-2010)

Празнувањата започнаа на 27 август (петок) со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополитот Полошко - Кумановски Господин Кирил во сослужение на повеќе свештенослужители од тетовското и гостиварското архиерејско намесништво.

 

Истата вечер во рамките на културно - уметничката програма беше одржан Лешочкиот фолк фестивал со настап на реномирани пеачи и групи од македонската естрада.

 

Пред повеќе илјали верници кои дојдоа да се поклонат пред ликот на Пресвета Мајка Богородица и Светиот Атанасиј во Лешочкиот манастир се обрати митрополитот Господин Кирил прогласувајќи го за отворен овој фестивал, а на присутните им посака добро здравје, мир, благосостојба во нивните домови, во нашиот град, нашава Република Македонија и во светот.

 

Со утерна богослужба и свечена архиерејска Литургија започна денот на Успение на Пресвета Богородица чиноначалствувана од митрополитот господин Кирил, а збогатена од ангелските гласови на женскиот младински хор Менада под диригенство на маестро д-р Ивица Зориќ.

 

На свечената архиерејска Литургаја парохискиот свештеник на Теаречко - вратничката парохија Перица Бојковски беше произведен во чин протојереј.

 

По свечената Литургија беа прережани кумовските колачи принесени од кумовите.

 

               

 

               

 

               

 

               

 

               

 

               

 

 

Подготвил: Диме Змејкоски