Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Рождество на Пресвета Богородица (23-09-2010)

По повод Рождество на Пресвета Богородица на 21.09.2010 год. во манастирот Свети Ѓорѓи во с.Дељадровце, Митрополит полошко - кумановски г. Кирил отслужи вечерна богослужба, а на самиот ден пред многубројниот православен народ отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија. Инаку до самиот манастир, во чест на раѓањето на Пресвета Богородица е обновен параклис каде што многу луѓе го посетуваат и измолуваат заштита од Пресвета Богодорица. По отслужената Света Литургија, Митрополитот произнесе празнично слово, а потоа изврши водосвет и ги прекрши славските колачи принесени од кумовите.

 

  

 

  

 

                                                     

 

известува: о. Жико Тодоровски