Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на патрониот празник на свети Прохор Пчински во Пјаченца (01.11.2010)

Прославувањето на патрониот празник на Македонската православна црковна општина „Свети Прохор Пчински“ во Пјаченца (Италија), оваа година беше одбележано со повеќе свечености.

Во сабота, на 30 октомври 2010 г., се одржа турнир во мал фудбал на којшто учествуваа 10 екипи од Италија и Швајцарија. Турнирот помина во дух на меѓусебно запознавање и дружење на учесниците, организаторите и бројната публика, која ги бодреше своите екипи. Првото место и преодниот пехар го освои екипата на Македонија „Клесов“ од Пјаченца.

Следниот ден, кога Православната Црква го слави споменот на светиот апостол Лука, надлежниот Митрополит Европски г. Пимен отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение со парохискиот свештеник о. Климент Мишањ, на која многубројниот верен народ се причести со Светите Тело и Крв Христови.

Во рамките на чествувањето беше претставена и авторска ликовна изложба на Васко и Сања, двајца наши млади сликари кои се школуваат во Италија и кои полека но сигурно се етаблираат на италијанската ликовна сцена.

Истата вечер беше организиран и собир на Македонците, проследен со традиционална македонска музика.

Следниот ден, на патрониот празник на свети Прохор Пчински беше отслужена Света Литургија на која прокрај многубројниот верен народ присуствуваше и амбасадорот на Р. Македонија при светата столица, Неговата Екселенција Ѓоко Ѓоргевски.

Празнувањето заврши со традиционален заеднички ручек на кој се приклучи и о. Јуриј, парохиски свештеник на Романската Православна Црква. Потоа со свој настап се претставија и најмладите членови на играорната секција од друштвото „Македоника“, за што беа наградени со силен аплауз од многубројниот присутен народ.

 

         

 

             

 

       


Известува: Слободанка Мишањ

Извор: Преминпортал