Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот Бадник во соборниот храм на Светите Кирил и Методиј во Тетово (06.01.2011)

Денес, 06 јануари 2011 лето Господово, во приквечерието на Божиќните празници се прославуваше и во соборниот храм посветен на Светите Кирил и Методиј во Тетово. Со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски господин Кирил чествувањето започна со свечен духовен концерт во изведба на неколку духовни композиции од страна на женскиот младински хор „Менада“ од Тетово под диригенство на маестро др. Ивица Зориќ. Веднаш потоа нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот г. Кирил ги благослови и освети бадниковите гранчиња и на верниците им беа поделени да понесат во своите домови со благослов за мир, здравје, среќа и бериќет во нивните семејства. Прославата продолжи во дворот на црквата со запалување на бадниковиот оган од страна на Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил каде беа собрани голем број верници од Тетово и Тетовско, и сите присутни беа послужени со топла ракија и чај.

 

         

 

         

 

          

 

Веднаш потоа Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во чест на големиот христијански празник Бадник - Коледе, го посети Лешочкиот манастир каде на присутните верници им ги честита престојните Божикни празници и им посака добро здравје и бериќет во новото лето Господово. Исто така ги посети и верниците од тетовското село Жилче.

 

подготвил: Диме Змејкоски