Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот Водокрст во црквата на Пресвета Богородица во Тетово (19.01.2011)

На ден 18.01.2011 година, на големиот христијански празник Водокрст, нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата на Пресвета Богородица во Тетово, во сослужение на свештениците од Тетовското архиерејско намесништво.

Во своето обраќање пред присутните верници Митрополитот г. Кирил го образложи значението на овој голем светоден, односно на крштевањето на свети Јован Крстител за да на утрешниот ден во водите на реката Јордан го крсти и Спасителот наш Господ Исус Христос. Потоа Митрополитот г. Кирил ги пререже кумските колачи принесени од  нивна страна. Свеченостите продолжија во кругот на црквата кога нашиот надлежен архиереј изврши Голем Водосвет пред многубројните присутни верници и го фрли крстот во црковниот базент пред трите момчиња Перица Јованоски, Дени Апостолоски и Љубиша Марковиќ, а најсреќниот од нив кој го фати крстот беше Дени, на кого Митрополитот г. Кирил му подари златен крст со ланче, посакувајќи му добро здравје мир, среќа и бериќет нему, на неговото семејство како и на сите верни чеда на Македонската Православна Црква и пошироко.

После заедничката братска и сестринска трпеза на љубовта, верниците за благослов на своите семејства понесоа со себе од осветените води за во своите домови.

 

        

 

                 

 

      

 

      

 

подготвил: Диме Змејкоски