Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Тодорова сабота во Крива Паланка (16.03.2011)

„Голем бранител на верата, во изворот на пламенот, како во мирна вода да е, светиот маченик Теодор се радуваше. Изгорен од огнот, како сладок леб се принесе на Света Троица. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги душите наши.“ (тропар на св. великомаченик Теодор Тирон)

 

Во првата сабота од Велигденскиот пост, кога Светата Православна Црква го слави споменот на преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, отслужи Божествена Литургија во соборниот храм во Крива Паланка, посветен на св. Димитриј Чудотворец, заедно со свештениците од Кривопаланечкото архиерејско намесништво. На крајот верниците во голем број пристапија кон Светата Тајна Причест.

Литургија на свети Јован Златоуст беше отслужена и во црквата на св. Теодор Тирон во с. Конопница и црквата „ Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Ранковце.

 

        

 

         

 

Известува: о. Александар