Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Свето Благовештение (08.04.2011)

На 07.04.2011 година, на празникот на Свето Благовештение во соборниот храм св. Никола во Куманово надлежниот епархиски Архиереј Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија. Осврнувајќи се на празникот, Митрополитот посебно нагласи со внимание да се ислуша Светото Евангелие заради спасоносната содржина која го најавува спасението на луѓето со доаѓањето на Спасителот Господ Исус Христос. Еве сме на половина од Големиот пост и време е да си подадеме рака на помирување, посебно партиите, зашто сѐ што е добро од Бога е, а делбите и караниците само штета му носат на општеството. Па така измирени да си го дочекаме светлото Христово Воскресение. Благочестивите кумановски верници имаа можност да присуствуваат на ракополагањето во ѓаконски чин на дипломираниот теолог Игор Здравковски од Куманово од страна на Митрополит г. Кирил. Инаку, за потсетување е дека најстариот Архиереј на Македонската Православна Црква Митрополит г. Кирил токму пред 47 години на овој празник од страна на сега блаженоупокоениот прв Архиепископ Охридски и Мадедонски г.г. Доситеј е ракоположен во јероѓаконски чин во манастирот Пресвета Богородица во Кичево. На нашиот Архиереј му пожелуваме уште многу години да ракоположува ѓакони и свештеници за потребите на нашава Епархија, за потребите на нашава Света Македонска Православна Црква, да осветува многу цркви и манастири во Полошко-кумановска Епархија кои се изградија или се при крај на нивната изградба и се очекува нивно осветување од страна на Митрополит г. Кирил.

 

         

 

       

 

 

Известува: о. Жико Тодоровски