Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот Цветници во Гостивар (21.04.2011)

Денес, 17 април 2011 лето Господово, по повод празникот Цветници во соборната црква Успение на Пресвета Богородица во Гостивар нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополит Полошко-Кумановски г. Кирил отслужи Божествена Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужителите од Гостиварското Архиерејско намесништво а во присуство на голем број верни чеда на Македонската Православна Црква.

На свечената Литургија беа присутни и поголем број верници од Преспа кои беа поздравени од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Кирил.

Во своето обраќање пред присутните верници Митрополитот г. Кирил го образложи значењето на овој голем светоден и меѓу другото рече: „Со чувства на Архипастирски молитвени желби би сакал да ги поздравам нашите браќа и сестри по вера и крв дојдени од мојата родна Преспа, да им посакам пријатен престој, да се чуствуваат како свои меѓу своите, доживувајќи ги убавините на овие наши простори од родната ни мила татковина. Почестени сме со нивното присуство да бидеме на заедничка молитва и заедно да се помолиме на Бога да ни ја зајакнува милоста, слогата и љубовта. Во духот на молитвена радост да го дочекаме празникот на празниците – Светото Христово Воскресение, и заедно со целата небесна хиерархија, во слава на Бога во Висините, да испросиме мир и благосостојба во нашите домови, во нашиов град, нашата Република и во целиот свет“ – додаде во своето обраќање Митрополитот г. Кирил.

 

  

 

   

 

                                  

 

 

подготви: Диме Змејкоски