Велигден во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово (28.04.2011)
Денес,
на 24 април 2011 лето Господово, точно на полноќ пред портите на соборниот храм
на светите Кирил и Методиј во Тетово, нашиот надлежен епархиски архиереј
Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил ја објави радосната вест за Христовото
Воскресение извикувајќи: „ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!“. Претесен беше дворот на
црквата да ги собере верниците кои нетрпеливо ја исчекуваа оваа радосна вест и
едногласно возвратија: „НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!“.
Веднаш
потоа Митрополитот г. Кирил отслужи Боженствена Архиерејска Литургија во
сослужение на свештенослужителите од Тетовското архиерејско намесништво,
придружувани од тетовскиот женски младински хор „Менада“ под раководство на
маестро д-р Ивица Зориќ.
Потоа,
Митрополитот г. Кирил ги освети црвените Велигденски јајца со благослов за мир,
здравје и бериќет во нивните домови, во нашиот град, нашата Република и пошироко
во целиот свет.
По завршувањето на Светата Архиерејска Литургија верниците пристапија кон Светата Причест.
подготви: Диме Змејкоски