Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Камен-темелник на нов храм во с. Миладиновци (29.04.2011)

На 29.04.2011 година, Источен Петок – Балаклија, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на кумановскиот намесник протоереј-ставрофор Драги Стојановски и свештенството од епархијата благослови камен-темелник на нов храм на свети Илија во с. Миладиновци. Новиот храм се гради до малата стара црква. Пред присутните верници Митрополитот г. Кирил ја нагласи потребата од ново светилиште со апел што побргу да го изградат. Па така преку лицитација златната лопата ја зеде градоначалникот на Општина „Илинден“ г. Жика Стојановски донирајќи 1500 евра; сребрената лопата „Сервис Колевски“ г. Љубе Колевски – 500 евра; бронзената „Мавит“ г. Марјан Марковски – 300 евра; челичната г. Дамјан Блажевски од с. Миладиновци – 300 евра. Потоа како донатори пристапија клуб „Милениум” со 1000 евра, фирмата „Блик Мак” со 500 евра, фирмата „Турбо Инзинеринг” со 100 евра, фирмата „Того Миладиновци” со 150 евра, г. Борче Мицановски со 150 евра и црковниот одбор од с. Миладиновци со 100 евра. Понатаму пристапија со донации повеќе благочестиви верници од с. Миладиновци како и од околината со цел и тие да се вградат како втемелувачи на новото светилиште. Потоа присутните естрадни уметници настапија со своите изведби на сеопшта радост на сите присутни.

 

                

 

       

 

        

 

 Известува: о. Жико Тодоровски