Архиерејска Божествена Литургија во с. Дељадровци (кумановско) (06.05.2011)
На 06.05.2011 год., во манастирот Св. Георгиј во с. Дељадровци (кумановско), Митрополитот г. Кирил во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони ослужи Света Божествена Литургија. Зборувајќи за христијанската љубов г. Кирил ја нагласи големата љубов на светителот кон Христа кој оставајќи ги земните богатства, слава, почестите како трибун и.т.н. го положил својот живот за вистината, за правдата, за христијанството. На денешен ден бил обезглавен не сакајќи да се поклони пред тогашните идоли, но затоа Господ пак преку саможртвениот подвиг којшто ѝ го дарувал на Светата Христова Црква го овенчал со ореолот на вечната слава. Потоа Митрополитот изврши Водосвет и ги прекрши славските колачи.
Известува: о. Жико Тодоровски