Vesti i nastani
 
 
 
 
 

10-то Епархиско собрание за Европа (13.05.2011)

На ден 13.05.2011 г., кога Црквата Христова го празнува светиот пророк Еремија, Европската епархија на МПЦ го започна 10-тото редовно годишно епархиско собрание. Овогодишен домаќин на собранието беше МПЦО „Св. Архангел Михаил“ од Неиве, Република Италија, под духовно раководство на парохискиот свештеник а воедно и претседател на Општината, протоереј Михајло Матевски.

Собранието започна со Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше надлежниот митрополит Европски г. Пимен во сослужение на целото свештенство од Европската Епархија и во присуство на делегати од сите црковни општини и инцијативни одбори од Европската Епархија. За време на Литургијата Митрополитот г. Пимен го ракопроизведе во протоерејски чин о. Климент Мишањ, кој е парохиски свештеник а воедно и преседател на Црковната општина „Св. Прохор Пчински“ во Пјаченца, Италија.

По завршувањето на Литургијата и кратка пауза молитвено беше отворено Епархиското собрание. Истото беше отворено од Митрополитот Европски г. Пимен кој искажа пофални зборови за домаќините и за постигнатите успеси на нивната Црковна општина предводена од нивниот духовен пастир. Потоа поздравен говор имаше домаќинот о. Михаило Матевски, заменикот-преседател на епархијата Васко Шопов, архиерејскиот заменик о. Блажо Кожарски, Дон Елиџо, а потоа се претставија и сите делегати и свештеници пооделно.

На собранието се дискутираше за многу актуелни прашања, меѓу кои и организациската и финансиската структуираност на епархијата и активностите, кои ги презема истата за збогатување на духовниот живот на Македонците во дијаспората; беше избран нов Епархиски управен одбор; се презентираше идејата за единствена епархиска парохијална книшка.

Во склоп на дневниот ред Митрополитот Европски г. Пимен го промовираше новото Свето Евангелие со опков кое го препорача на поголемите Црковни општини, а воедно на делегатите им беше претставено и препорачано списанието за духовни вредности „Премин“.

Собранието заврши со Света Литургија во неделата 15.05.2011 г., кога Црквата го празнува споменот на свети Атанасиј Велики (летен).  

Добивајќи архипастирски благослов за мир и напредок, заврши 10-тото по ред Европско епархиско собрание. Следното 11-то Епархиско собрание за 2012 година ќе се одржи во Малме, Шведска.

На многаја лета Владико наш свети!!!!

 

    

 

   

 

                   

 

                     

 

                      

 

    

 

     

 

     

 

Известува: протопрезвитера Слободанка Мишањ