Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Духовден во Гостивар (12.06.2011)

На 12 јуни 2011 лето Господово, на празникот Духовден, во соборната црква на Пресвета Богородица во Гостивар, нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополит Полошко-Кумановски Господин Кирил отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на повеќе свештенослужители од Гостиварското и Тетовското Архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верници од Гостиварско.

Во својата беседа пред присутните верници го образложи значението на духовденските празници и рече:

„За време на духовденските задушници се молиме за блажен мир и покој на душите на нашите преминати, најмили и најсакани преселени во небесната Црква, ги посетуваме нивните гробови онака како што доликува на чедата на Македонија и нашата Светиклиментова Православна Црква, во тоа е големината и убавината на нашата православна вера, затоа што двеилјади години од поколение на поколение ги слушаме  евангелските пораки коишто и денес ги слушнавме со коишто се искажува значението спасоносно на денешниот и утрешниот ден, големината и убавината на нашата вера што за Бога и пред Бога нема мртви – сите се живи, рече меѓу другото Митроплитот Господин Кирил.

Потоа Митрополитот Господин Кирил ги освети ореовите гранчиња и ги подели на верниците кои ги понесоа во своите домови за здравје и благосостојба на нивните семејства.

 

                     

 

     

 

     

 

 

Подготвил:  Диме Змејкоски