Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка (03.07.2011)

Денес, 03 јули 2011 лето Господово по повод празникот Св. Наум Охридски-Чудотворец  во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка Нашиот Надлежен Епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил  одслужи Света Божествена Архиерејска Литургија во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското и Гостиварското Архиерејско намесништво а во присуство на голем број верници  поклоненици на нашата Света цркива и на Св. Наум Охридски Чудотворец.

На светата литургија активно учество зеде и женскиот младински хор менада од Тетово под раководство на маестро Др. Ивица Зориќ.

Во својата беседа по повод патрониот празник Митрополитот Господин Кирил образложувајќи го значението на овој светоден  рече: Ние денес се собравме на овие убавини на македонскиот род и пород  заеднички да го помолиме Господ да го излие Божјиот благослов да се простре на целата родна и мила татковина  татковина да цути рај Божји мир и благосостојба. исто така денес во нашиот македонски и сесловенски Ерусалим се слева огромната христијанска река не само од просторот на Македонија но и од нашите соседни републики со цел да се поклонат пред неговите ценети свети мошти кои почиваат во манастирот во кој што тој го изградил со цел да се помолат за мир и благосостојба на овие наши простори. Нека ни е честит и вековит денешниот празничен манастирски светоден, Божјиот благослов нека не следи во сите денови од нашиот живот додаде на крајот од своето обраќање Митрополитот Господин Кирил, по што ги пререже славските колачи принесени од овогодинешните кумови.

 

       

 

      

 

       

 

       

 

 

Подготвил: Диме Змејкоски