Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Демант (25.08.2011)

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, ги известува своите верници, но и пошироката православна јавност, дека информациите објавени на сајтот на расколничката ПОА и на информативните сајтови Ромфеа и Православие и мир, се крајно неточни, со што демантираме дека каква било идеја за прогласување на Александар Македонски не произлегла од страна МПЦ.

За жал, ваквите невистини, и во овој случај, како и многу пати претходно, одат без официјален извор, единствено како неточни информации, односно претпоставки, кои ги користи жолтиот печат, или луѓе со сомнителен кредибилитет, познати во јавноста по своите способности, кои нималку доликуваат на сериозни духовници.  

Не знаеме по кој пат расколничката организација во Македонија – проектот Вранишковски, објавувајќи дезинформации и невистини, за жал, на штета на Православието, а за свое самопромовирање, го докажува она што всушност и е, политички проект со политички манири, со што, како што самите милуваат да речат, навистина ги докажуваат плодовите на расколот во кој пребиваат.

Единствен лик на античкиот владетел Александар Македонски е преставен во храмот „Света Троица“ во Радовиш, но не како светител (без ореол), туку во лозата на поколенијата на ктиторот на храмот, г. Ристо Гуштеров.