За празникот на сите македонски светители во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово (02.10.2011)
Денес, 02.10.2011 год., на празникот посветен на сите македонски светители во Тетово беше чествуван во соборниот храм на светите Кирил и Методиј, каде нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополитот г. Кирил отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужителите од Тетовското и Гостиварското Архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верници од Тетово и Тетовско. Свечената Литургија беше збогатена од гласовите на женскиот младински хор „Менада“ од Тетово, раководени од диригенската палка на маестро д-р Ивица Зориќ.
Подготвил: Диме Змејкоски