Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета на манастирот Свети Јоаким Осоговски (30.10.2011)

На ден 29-ти и 30-ти октомври во манастирот Св.Јоаким Осоговски како гостин на надлежниот  Епархиски Архиереј г.Кирил престојуваше претседателот на Врховниот суд на Р.Македонија, господин Јован Вангелов со неговата ценета сопруга професор Весна. Покрај другите гости беше и познатиот адвокат, господинот Саше Василевски, инаку родум од родното село на Митрополитот г. Кирил, Царев Двор, придружуван од сопругата Лепа и уште неколку негови соработници и пријатели.

Митрополитот г. Кирил му ја укажа големата почит на господинот претседател од причина што претседателот го почести со неговото присуство во ова наше древно и целосно возобновено македонско светилиште. Господинот претседател пак најискрено ги искажа своите импресии за сето она што е постигнато од кривопаланечкото свештенство и манастирското настојателство под жезолот на неговото високопреосвештенство, Митрополитот г. Кирил. Особено воодушевување пројави покрај реновирањето на старите конаци како и на новоизградените со нивното внатрешно уредување, чистотата во сакралните објекти, а воедно и на целиот комплекс во ова наше манастирско светилиште.

Во овие денови, прекрасното есенско време со целата негова убавина манастирот Св. Јоаким Осоговски привлече многу верници како од нашата родна и мила татковина така и од соседнита земји Бугарија, Србија и Грција.

 

                                    

 

                                    

 

                                      

Известува: Александар Стефановски