Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Кавадарци (08.11.2011)

На денот кога Светата Православна Црква го чествува споменот на светиот великомаченик Димитриј, во храмот посветен на овој светител во Кавадарци се отслужи Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство од Кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија. На Литургијата традиционално присуствуваа голем дел од жителите на градот Кавадарци, кои овој голем проповедник на Христовото Слово го чествуваат како свој заштитник и застапник на нивните молитви пред Престолот на Севишниот Господ Исус Христос.

 

   

Извор: Повардарска епархија