Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чевствување на празникот Св. Наум Охридски - Чудотворец (05-01-2012)

На ден 05 јануари на празникот посветен во чест на Св. Наум Охридски Чудотворец, во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополит Полошко - Кумановски Господин Кирил отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужителите од Тетовското Архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верници од Тетово и тетовско. Меѓу присутните верници беа и: Претседателот на Р. Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов, началникот на Генералштабот на Армијата на Р. Македонија г-дин  Горанчо Котески како и пратеничката  во собранието на РМ од полошкиот регион г-ѓа Светлана Карапетрова.

 

Архиерејската Литургија беше збогатена со ангелските гласови на женскиот младински хор Менада од Тетово под раководство на маестро д-р. Ивица Зориќ.

 

Во својата беседа Митрополитот Полошко - Кумановски Господин Кирил честитајќи им го новото лето Господово со желби за мир и благосостојба во сите сфери од животот и секаде каде не има, се осврна на значението на овој голем светоден и додаде дека оваа година празнувањата се совпаѓаат со јубилејните 45 години од автокефалноста на Македонската Православна Црква.

 

По свечената литургија, Митрополитот Господин Кирил го  прережа кумскиот колач принесен од вештите жени од Велес на кои им припадна честа да бидат кумови и наредната година.

 

Свеченоста се круниса со заедничка трпеза на љубовта во новоизградената просторија на конакот во манастирскиот комплекс.

   

 

 

 

 

  

 

Подготвил: Диме Змејкоски