Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Бадник - Коледе во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово (06-01-2012)

Денес, 06.01.2012 лето Господово, Бадник - Коледе традиционално како и секоја година  во приквечерието на големиот христијански празник Божиќ, во соборниот храм Св. Кирил и Методиј во Тетово, централната свеченост отпочнува со Божиќниот концерт, со изведба на духовни композиции од страна на  женскиот младински хор Менада како и детскиот хор Лале од Тетово под диригенство на маестро Др. Ивица Зориќ,  со благослов на нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополит Полошко - Кумановски Господин Кирил, а во присуство на голем број верници од Тетово и тетовско, меѓу кои присутна беше и пратеничката во собранието на Р. Македонија г-ѓа Светлана Карапетрова.

 

Веднаш потоа Митрополитот Господин Кирил го благослови и освети Бадниковото дрво, а верниците понесоа со себе од бадниковите гранчиња  во своите домови за мир здравје и благосостојба.

 

Свеченостите продолжија и во дворот на соборниот храм, каде Митрополитот Господин Кирил го запали бадниковиот оган, а на верниците им беше поделена топла ракија и чај.

 

После овие свечености во соборниот храм, Митрополитот Господин Кирил ги удостои верниците кои беа собрани во Манастирскиот комплес Св. Атанасиј во с. Лешок каде исто така го  освети бадниковото дрво и го запали бадниковиот оган. Чевствувањата по повод Бадник Митрополитот Господин Кирил ги продолжи и со верниците  во населеното место Жилче.

 

 

 

 

 

 

Подготвил: Диме Змејкоски