Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Рождество Христово Божик во Лондон-Велика Британија (12-01-2012)

По милоста Божја и на општа радост на нашата Црковна општина ова лето Господово на празникот на Рождество Христово на гости во еднонеделна посета престојуваше неговото Високопревосвештенство Митрополитот Европски г-н Пимен. Повеќе од половина час пред пристигнувањето на нашиот Владика Црквата веќе беше исполнета со мноштво благочестив народ кои  со радост го пречекаа својот чиноначалник. Едноставно беше величествено како што доликува на една Црква кога го пречекува својот Великодостојник. На Литугијата сослужуваше и парохискиот свештеник о. Виктор Стојчев. По отпустот на Литугијата  со пригодно слово Митрополитот Пимен го поздрави и благослови своето духовно стадо не криејќи го своето задоволство што по подолго време ете повторно е помеѓу своите во Лондон. На општо изненадување Митрополитот ја прочита одлуката со која според  дадената му власт го унапреди јерејот Виктор Стојчев во Архиерејски Намесник за Западноевропското Намесништво. Целата Црква воскликнуваше со на Многаја Лета! Веднаш потоа беше благословена трпеза на љубовта и мал коктел во чест на високиот гостин. Високосвештенејши Владико Свети, пак да ни дојдете!
Христос се Роди!

 

 

 

Известува
Јадранка Видак
Претседател на Црковната Општина
Свети Архангел Михаил и сите свети Ангели
Лондон Велика Британија