Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чевствување на празникот Водокрст во Црквата Св. Богородица во Тетово (18-01-2012)

На ден 18.01.2012 год., нашиот надлежен епархиски Архиереј Митрополит полошко - кумановски Господин Кирил отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија во сослужение на свештениците од тетовското архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верници од Тетово и тетовско.

 

Во својата беседа Митрополитот Господин Кирил  го образложи  значението на овој голем светоден кога Свети Јован Крстител ја прими Светата Тајна Крштение, за да на утрешниот ден во водите на реката Јордан го крсти Спасителот наш Господ Исус Христос кога и се објави Троичниот Бог - Отецот, Синот и Светиот Дух.

 

По Светата Архиерејска Литургија беа пресечени кумовските колачи принесени од овогодинешните кумови, и веднаш потоа Митрополитот Господин Кирил ги освети водите во црковниот базент при црквата Св. Богородица, каде и го спушти крстот пред трите млади момчиња кои скокнаа по него. Најсреќниот од нив беше Љубиша Марковиќ, на кого Митрополитот Господин Кирил му подари златен крст со ланче и му посака мир здравје и благосостојба нему и на неговото семејство, на присутните верници, на верните чеда на Македонската Православна Црква и пошироко.

 

Потоа беше приредена заедничка посна трпеза на љубовта, а  верниците понесоа со себе од осветените води за мир здравје и бериќет  во своите домови.

 

 

 

 

Подготвил: Диме Змејкоски