Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чевствување на празникот Св. Атанасиј на Тетовското кале (02-02-2012)

Денес, 31.01.2012 год., на празникот посветен на Св. Атанасиј, традиционално како и секоја година, голема група на верници го прославуваат овој голем светоден  во кругот на црквата Св. Атанасиј на тетовското Балтепе - Кале, каде  нашиот  надлежен епархиски Архиереј Митрополитот Полошко - Кумановски Господин Кирил, својата беседа ја посвети на Светиот Атанасиј и неговите животни дела од кои со право е наречен татко на Православието и столб на Црквата.

 

Потоа Митрополитот Господин Кирил ги пререже кумските колачи принесени од овогодинешните кумови Александар Лалиќ, Среќко Петроски, Горан Ангеловски, Златко Јанески, Зоран Маџоски и Јане Силјаноски  со благослов за мир, здравје и бериќет на нив, нивните семејства и на целиот православен христијански народ  во светот.

 

По повод патрониот празник беше реосветена реновираната манастирска црква Св. Атанасиј на Тетовското кале.

 

Чевствувањата на овој голем светоден во прекрасниот зимски амбиент верниците го продолжија се до вечерните часови.

 

 

 

 

Подготвил: Диме Змејкоски