Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот Свето Благовештение (Лазарева Сабота) во црквата Св. Никола во Тетово (10.04.2012)

Денес, 07.04.2012 г., по повод празникот Свeto Благовештение (Лазарева Сабота),  нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужителите од Тетовското архиерејско намесништво.

Во својата беседа Митрополитот г. Кирил образложувајќи го значението на празникот Свето Благовештение (Лазарева Сабота) додаде дека чинот на одбележување на овој  голем Светоден е дотолку позначајно што го чествуваме  во годината кога одбележуваме 45 години од автокефалноста на нашата Света Македонска Православна Црква, исправивме една голема нанесена историска неправда кон нашиот благороден македонски народ и Црква, кон библиска Македонија, ги повративме честа, гордоста и достоинството на древната Охридска Архиепископија олицетворена во лицето на денешната Светиклиментова Македонската Православна Црква.

Во протоерејски чин беше произведен свештеникот Дарко Наумоски кој 10 години ја опслужуваше Јегуновечко-раотеничката парохија, а од пред три години беше назначен во тетовската парохија и како старешина на црквата на свети Никола во Тетово.

 

 

                

 

                

 

               

 

              

 

   

 

подготвил: Диме Змејкоски