Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот Цветници во соборната црква Успение на Пресвета Богородица во Гостивар (08.04.2012)

Денес, на 8 април 2012 год, на празникот посветен во чест на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, во соборната црква Успение на Пресвета Богородица во Гостивар, нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужителите од Гостиварското и Тетовското архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верни чеда на Македонската Православна Црква дојдени на заедничка молитва кон Бога во соборната црква во Гостивар.

Во својата беседа Митрополитот г. Кирил, меѓу другото, рече: Ги слушнавме, драги браќа и сестри во Господа, евангелските пораки кои ни го претставуваат огромното спасоносно значење на денешниот празничен ден: Цветници – Влегувањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалим, каде беше дочекан со палмови гранчиња – симбол на мирот, извикувајќи: „Благословен е Оној Кој доаѓа во името на Господа“.

„Радоста на сите празнични спасоносни денови оваа година ја надополнуваме со одбележувањето и на јубилејните 45 години од автокефалноста на нашата Света Македонска Православна Црква, да Го славиме Бога, во радост да ја поминеме и оваа Страдална недела во духовно-молитвено расположение и да го дочекаме празникот на празниците – Светото Христово Воскресение, заедно со целата небесна хиерархија“, додаде Митрополитот Кирил на крајот од беседата.

 

 

              

 

             

 

            

 

            

 

 

подготвил: Диме Змејкоски