Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велик Четврток во Куманово (14.04.2012)

На 12. 04. 2012 год., Велик Четврток, во Куманово, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил благоволи да учествува во читање на Дванаесет страдални евангелија. Традиционално, секоја година Митрополитот г. Кирил ги посетува светите цркви: „Св. Петка во Бедиње, Св. Троица и Св. Никола во Куманово го изнесува Светиот Крст со Распетие и зема учество во читање на евангелијата кои сведочат за настаните кои се сличиле со Спасителот Господ Исус Христос, предавството на Јуда, судењето, исмејувањето, плукањето, судењето од страна на Пилат како и распетието Господово. На присутните верници Митрополитот им порача дека Господ Исус Христос на Тајната Вечера ја востанови Светата Тајна Причест, па затоа секој човек треба да пристапи и да се причести во текот на овие спасоносни денови. Ете, Бог толку го возљуби светот, што Го испрати и Својот Единороден Син Кој претрпе распнување за спасение на човечкиот род. Потоа на помалите дечиња Митрополитот им подари осветени крстчиња. 

 

             

 

              

 

    

  Известува: о. Жико Тодоровски