Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Велигден во Тетово (15.04.2012)

Денес, на 15 април 2012 лето Господово, со започнувањето на првите мигови од овој ден,  во преполниот двор од верници при соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово,  кои беа во исчекување да ја слушнат радосната вест, нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил од пред портите на соборниот храм со голема радост објави: „ХРИСТОС ВОСКРЕСНА“, а со радост и во еден глас возвратија верниците: „НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!“.

„Со големо задоволство би сакал да ја искажам мојата радост и радоста на нашите верници од Тетово и тетовско што сме удостоени Воскресенската радосна вест да ја споделиме заедно со нашиот премиер, претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски, како и пратеникот во Собранието од овој регион г-ѓа Светлана Карапетрова“, истакна меѓу другото во своето обраќање пред верниците нашиот Митрополит г. Кирил.

Веднаш потоа Митрополитот г. Кирил отслужи Света Архиерејска Литургија, која беше збогатена од прекрасните ангелски гласови на женскиот младински хор „Менада“, раководени од маестро д-р Ивица Зориќ. По Светата Литургија присутните беа почестени со велигденско црвено јајце – симболот на Христовото Воскресение.

 

             

 

             

 

           

 

          

 

          

 

подготвил: Диме Змејкоски