Чествување на Св. Атанасиј во Лешочкиот манастир (15.05.2012)
По повод големиот христијански празник Свети Атанасиј (летен), нашиот надлежен Епархиски Архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското Архиерејско намесништво отслужи Божествена Архиерејска Литургија во истоимената манастирска црква во манастирскиот комплекс во с. Лешок.
Во својата беседа пред присутните верници го образложи значението на овој голем светоден нагласувајќи дека оваа година празникот го чествуваме јубилејно по 45-ти пат потпишувањето на документот за Автокефалноста на нашата Света Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.
Чествувањата продолжија во кругот на манастирскиот комплекс со општонародна веселба.
Подготвил: Диме Змејкоски