За празникот на свети архангел Гаврил (26.07.2012 17:14)
По повод празникот на Соборот на свети Архангел Гаврил, на 26. 07. 2012 год., Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, во населбата Карпош, во храмот во изградба посветен на свети Архангел Михаил, изврши голем водосвет и го пресече славскиот колач. Кум за празникот беше кумановскиот градоначалник г. Зоран Дамјановски, кој многу придонесе за изградбата на ова идно светилиште. Присуство зеде и пратеникот г. Оливер Спасовски од Куманово како и повеќе верници од населбата Карпош и од Куманово.
Митрополитот им го објасни празникот на присутните верници, а потоа изврши помен за сите пострадани во катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Известува: о. Жико Тодоровски