Меѓународен фестивал на православна духовна музика во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово (15.10.2012 17:46)
На ден 13 и 14 октомври 2012 год., со благослов на нашиот надлежен епархиски Архиереј Митрополит Полошко-Кумановски г. Кирил, а по повод 45 години од автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, се одржа 21-от по ред меѓународен хорски фестивал „Тетовски Хорски Одзиви“ (ТЕХО), во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово, на кој настапија хорови од Бугарија, Србија, Косово како и повеќе хорови од Република Македонија, но за прв пат на нивниот репертоар испеани беа композиции на православна духовна музика.
Обраќајќи се на присутните верници во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово, Митрополитот г. Кирил, со благослов за мир здравје и повеќе успеси од областа на хорската музика најпрво ги поздрави гостите од соседните земји, при што им посака пријатен престој во нашава Република како и на останатите хорови кои ќе настапуваат на овој меѓународен хорски фестивал, на посетителите пријатни мигови со православните духовни композиции, а на директорот на ТЕХО маестро д-р Ивица Зориќ посебна благодарност за трудот и организацијата за одржување на овој меѓународен хорски фестивал на православна музика.
Подготви: Диме Змејкоски