Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Хиротонија на новоизбраниот Епископ Лешочки г. Јосиф во соборниот храм на Светите Кирил и Методиј во Тетово (22.10.2012 14:38)

На 21 октомври 2012 лето Господово, во Тетово, градот под Шар Планина, во подножјето на тетовското Балтепе – Кале, поточно населбата „Два Бреста“, во соборниот храм на светите Кирил и Методиј беше отслужена свечена Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со останатите Архиереи на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. На Литургијата за прв пат во оваа соборна црква во Тетово беше извршен чин на хиротонија на епископ. Беше хиротонисан новоизбраниот Епископ Лешочки г. Јосиф, кој воедно ќе биде викарен Епископ на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил. Граѓаните, и верните чеда на МПЦ-ОА, воодушевени, не го криеја своето задоволство што им беше приредена честа да присуствуваат на хиротонијата. Свеченостите беа крунисани со заедничка трпеза на љубовта во Лешочкиот манастирски комплекс.

 

             

 

             

 

            

 

          

 

            

 

            

 

           

 

          

 

          

          

Подготви: Диме Змејкоски