Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Куманово (31.10.2012 13:24)

На 27.10.2012 година на празникот Преподобна Параскева, во црквата св. Петка во Бедиње во Куманово надлежниот епархиски архиереј Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил заедно со новиот викарен Епископ Лешочки г. Јосиф отслужија Божествена Архиерејска Литургија во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони.  Кумановските благочестиви  верници ја имаа таа можност и привилегија да бидат учесници во ова прва богослужба на г. Јосиф Епископ Лешочки. На ова света богослужба пееше женскиот хор „Марија Магдалена“ од Куманово под диригенство на г. Виктор Костовски. Архиереите во ѓаконски чин го ракоположија Даниел Антевски од Куманово студент во четврта година на Богословскиот Факултет во Скопје. Збор зеде Митрополит г. Кирил кој пред верниците го претстави новиот архиереј г. Јосиф и го посочи фактот и вистината на обновата на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква. Честитајќи им го празникот Епископот г. Јосиф им се обрати на верниците и ја истакна улогата на црквата односно на светите храмови светите места каде што треба почесто да се собираме на заедничка молитва. Потоа Епископот г. Јосиф изврши голем водосвет и ги прережа славските колачи. Му ја честитаме хиротонијата на г. Јосиф Епископ Лешочки, му посакуваме успех во неговата работа, а на Митрополит г. Кирил добро здравје и уште многу заеднички богослужби ракополагања и осветување на нови светилишта.

 

                             

 

       

 

      

 

      

 

     

 

      

 

  Известува: о. Жико Тодоровски