Осветување на манастирот на свети Прохор Пчински во с. Срезовце (02.11.2012 15:42)
На 01.11.2012 година, на празникот на свети Прохор Пчински во село Срезовце, Кумановско архиерејско намесништво, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Епископот Лешочки г. Јосиф и поранешниот Митрополит Европски г. Горазд го осветија новоизградениот манастир на светиот отец Прохор Пчински. Манастирот е изграден по иницијатива на Митрополитот г. Горазд кој за градбата го подари земјиштето на Македонската Православна Црква. Светиот храм е издраден од донации на Полошко-кумановската епархија, месното население како и од повеќе бизнисмени од Куманово и од околината. Дрвениот чекан на лицитација го зеде г. Владимир Насковски од Куманово, а клучот г. Оливер Спасовски пратеник од Куманово. Потоа Митрополит г. Кирил им се обрати на присутните верници нагласувајќи го 45-годишниот јубилеј од автокефалноста на МПЦ-ОА како повод за осветувањето на четири свети храмови во текот на оваа година.
Известува: о. Жико Тодоровски