Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот Воведение на Пресвета Богородица во црквата на Св. Богородица во Тетово (06.12.2012 10:22)

На 4 декември 2012 лето Господово, по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица - Пречиста, во црквата Св. Богородица во Тетово со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил беше отслужена Света Архиерејска Литургија од страна на новоизбраниот Епископ Лешочки г. Јосиф во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верници од Тетово и Тетовско. По свечената Литургија верниците пристапија да ја примат Светата Тајна Причест  од раката на новоизбраниот Епископ г. Јосиф. А веднаш потоа ги пресече кумските колачи принесени од овогодинешните кумови.

 

              

 

             

 

              

 

             

 

                                         

 

               

 

               

 

             

 

            

 

подготвил: Диме Змејкоски