Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на празникот на свети Климент Охридски Чудотворец во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово (08.12.2012 12:45)

На 08.12.2012 година, на денот посветен во чест на основоположникот на Охридската Архиепископија олицетворена во денешната Македонска Православна Црква – свети Климент Охридски Чудотворец, во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово, со благослов на нашиот надлежен епархиски Архиереј Митрополитот г. Кирил беше отслужена Света Архиерејска Литургија од страна на Неговото Преосвештенство Епископ Лешочки г. Јосиф, во сослужение на братското свештенство од Тетовското архиерејско намесништво.

На Светата Литургија активно учество зема женскиот младински хор „Менада“ од Тетово под раководство на маестро д-р Ивица Зориќ.

Во својата беседа пред присутните верници Епископот Лешочки г. Јосиф го образложи значението на овој голем светоден, честитајќи им го празникот  со Божји благослов за мир, здравје, среќа и напредок на верниците од Тетово и Тетовско и на верните чеда на МПЦ.

По завршувањето на Светата Литургија верниците пристапија кон Светата Тајна Причест, а прославата беше крунисана со заедничка братска и сестринска посна трпеза на љубовта.

 

             

 

             

 

              

 

             

 

              

 

            

 

            

 

Подготвил: Диме Змејкоски