Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Малме (16.12.2012 13:21)

Денес, кога Црквата Божја го слави споменот на св. пророк Софониј,  во соборниот храм на Европската епархија во Малме се отслужи Архиерејска Литургија чиноначалствувана од надлежниот архиереј г. Пимен во сослужение со парохискиот свештеник о. Блажо Кожарски.
Митрополитот во својата беседа, навраќајќи се на денешното Евангелие за свадбата на царевиот син напомена дека со тоа што поканетите на свадбата (народот Израилев) на царевиот син (Христос) одбија да отидат на истата поради нивните страсти кои ги влечат кон материјалното богатсво и сластољубието и нам, на сите останати народи ни се даде можност да влеземе на свадбената свеченост на царевиот син  (Царството Небесно).

 

         

Известува: о. Блажо Кожарски