Vesti i nastani
 
 
 
 
 

За празникот на свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка (05.01.2013 15:38)

На 5 јануари 2012 лето Господово, по повод патрониот празник на свети Наум Охридски Чудотворец, во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка, со благослов на нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил беше отслужена Света Архиерејска Литургија, чиноначалствувана од Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. Јосиф, во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското и Гостиварското архиерејско намесништво, а во присуство на голем број верници од Тетовско, па и пошироко од Р. Македонија.

На свечената Литургија беа присутни и претседателот на нашата држава г. Ѓорѓе Иванов, пратеничката во собранието на Р.М. г-ѓа Светлана Карапетрова, како и повеќе високи функционери од Републикава.

Свечената Литургија беше збогатена со ангелските гласови на женскиот младински хор „Менада“ од Тетово, под диригенство на маестро д-р Ивица Зориќ.

Во своето обраќање Епископот Лешочки г. Јосиф го образложи значењето на овој голем светоден, честитајќи им ги на верниците престојните Божикни празници.

Веднаш потоа беше прережен кумскиот колач принесен од овогодинешните кумови – вештите жени од Велес. Чествувањата беа крунисани со заедничка братска и сестринска трпеза на љубовта во просториите на манастирските конаци.

 

                

 

               

 

               

 

              

 

             

 

             

 

подготви: Диме Змејкоски