Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Бадник во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово (06.01.2013 15:51)

На 06.01.2012 лето Господово, традиционално како и секоја година во соборниот храм посветен на светите Кирил и Методиј, централна прослава по повод празникот Бадник-Коледе започнува со Божикниот концерт на женскиот младински хор „Менада“ од Тетово, со изведба на неколку духовни композиции диригирани од маестро д-р Ивица Зориќ.

Веднаш потоа нашиот надлежен епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство  Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил заедно со Неговото Преосвештенство Епископ Лешочки г. Јосиф и свештенослужителите од Тетовското архиерејско намесништво во преполниот со верници соборен храм го осветија бадниковото дрво,  а верниците понесоа со себе од бадниковите гранчиња за здравје и бериќет во нивните домови.

По осветувањето на бадниковото дрво, Митрополитот г. Кирил во црковниот двор го запали бадниковиот оган, по што сите верници беа послужени со топла ракија и чај.

Бадниковите свечености Митрополитот г. Кирил и Епископот Лешочки г. Јосиф ги продолжија со посета на собраните верници во Лешочкиот  манастирски  комплес, како и верниците од с. Жилче, каде исто така ги осветија бадниковите дрва и го запалија бадниковиот оган.

 

            

 

             

 

              

 

             

 

            

 

Подготви: Диме Змејкоски