Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божик во соборниот храм Успение на Пресвета Богородица во Гостивар (07.01.2013 17:17)

На 07.01.2012 лето Господово, по повод големиот христијанскиот празник Рождество Христово – Божик, во соборниот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица во Гостивар, нашиот надлежен епархиски Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил отслужи Света Архиерејска Литургија.

Во своето обраќање пред присутните верници им ги честита Божикните празници посакувајќи им мир, здравје, благосостојба и единство во своите домови, во нашава држава Република Македонија и секаде каде нѐ има.

По свечената Литургија беше прочитано годишното Божикно послание испратено од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

Веднаш потоа Митрополитот г. Кирил ги прережа кумските колачи принесени од овогодинешните кумови, и ја благослови поставената Божикна, братска трпеза на љубовта во дворот на црквата.

 

             

 

           

 

           

 

            

 

            

 

           

 

           

 

 

подготви: Диме Змејкоски